еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за ексградоначалникот на Кавадарци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Во периодот од 2010 до 2013 пријавениот, како градоначалник на општина Кавадарци, без донесена одлука за донесување на детален урбанистички план за изградба на „Зелен пазар“, избрал фирма од Прилеп за изработка на идеен и основен проект за изградба на наведениот објект.

Притоа, тој во три наврати на таа фирма ѝ исплатил вкупно 2.689.800 денари за наведените услуги. По изготвувањето на проектот и донесувањето на генерален урбанистички план за наведениот објект, пријавениот, не ја спровел одлуката на Советот на општина Кавадарци за расчистување на имотно – правните односи при изградба на објектот, по што објектот не бил изграден.

Со ова, пријавениот ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да се стекне со противправна имотна корист од 2.689.800 денари на штета на Буџетот на општина Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка кај кочанско Зрновце загина 23 годишно момче

Редакција

Двајца го тепале во кафана во Скопје

Редакција

Албанец баран од Интерпол лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце

Редакција