еМагазин
Image default
Македонија

Макрон го загрижи Османи: Оптимист сум, но имам голема резерва поради Франција

Неизвесно ќе биде до крај, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во пресрет на претстојниот Самиот на шефовите на држави на 17-18 октомври во Брисел, каде нашата држава очекува датум за старт на преговорите со Европската Унија.

-Повеќето од земјите го искажале ставот дека ќе поддржат датум, особено за Македонија, вклучувајќи ја и Холандија. Меѓутоа, очекуваме Франција да донесе одлука. Се уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговори, така да, оптимист сум но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент, вели Османи за „Детектор“.

Коментирајќи ги очекувањата на граѓаните Османи вели дека ја разбира нивната резервираност поради лошото искуство кога станува збор за очекувањата за старт на преговорите.

-Ние долго време го одиме овој пат и многу пати сме биле фрустрирани. Ние имаме 10 препораки по ред од Европската Комисија за започнување на преговори кои што Советот ги одбива, до сега поради грчкото вето, од јуни поради други причини. Ова е една од одлуките на ЕУ која што бара консензуално одлучување, односно една земја да покаже резервираност, процесот не може да оди понатаму, вели вицепремиерот Бујар Османи.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел во обид да го убеди Макрон да не блокира, за Заев почетокот на преговори е заслужен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Втор ден протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во 10 градови низ Македонија

Редакција

Убава вест: 454 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

„Хит“ на Фејсбук: Мицкоски го бранеше Гоце Делчев на профилот на Заев

Редакција