еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери, прашан за синот, тврди оти никогаш, никаде и никому не вршел притисок за членови на семејството

Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговарајќи на прашање дали влијаел на одлуката за предвременото полагање правосуден испит за неговиот син.

Во однос на извештајот на МВР за затворената седница на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“, Џафери рече дека е добиен и денеска е пуштено соопштение до Комисијата дека има предуслови да продолжи со работа.

– Определена е друга просторија каде во наредниот период ќе може да се одржува седницата, рече Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Конјуфца.

По однос на дојавите за бомби, Џафери вели дека досега се потврди дека тоа се лажни дојави, но, како што посочи, не е на одмет институциите соодветно да ја следат ситуацијата и ја следат.

– Јас како носител на функцијата претседател на Собранието и секако член на Советот за безбедност на дневна основа сме информирани за состојбите и цениме дека нема потреба од поинакви дејствија.

Секако институциите соодветни кои како извршна власт се надлежни да ја следат состојбата и да преземаат мерки си преземаат сите соодветни мерки по однос на состојбата. Така да, стоиме на располагање доколку претседателот на државата како претседател на Советот за безбедност цени дека има потреба за средба ние стоиме на располагање, посочи Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Антикорупциска ќе истражува дали меѓу судиите и јавните обвинители има некој како синот на Џафери

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Редакција

(ВИДЕО) Како беше пречекана Меркел

Редакција

Зголемување за 19,3%: За една недела 2.676 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција