еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Лидерот на Демократската унија за интеграција ДУИ Али Ахмети, денеска, по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека разговарале околу платформите за да ги доближат ставовите, нагласувајќи дека ќе зависи од волјата на двете страни за да се постигне позитивен епилог во полза на државата.

– Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам. Ние инвестираме во прашањето за Албанците, во добра насока сме и готови сме ова да ги направиме за државата, затоа што придобивка ќе има стабилноста на државата, приближувањето на заедниците, истакна Ахмети.

Тој рече дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски оти неговата партија започнала преговори со СДСМ, како победник со победник.

– Јас го информирав Мицковски дека започнаа преговори меѓу ДУИ и СДСМ за тие да не создадат лажно мислење, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, потенцираше лидерот на ДУИ.

Тој изрази надеж дека сите партии ќе имаат силна волја за да се надминат разликите и потешкотиите.

Околу прашањето за премиер Албанец, што беше предизборно ветување на ДУИ, Ахмети оцени дека, колку се блиску, толку се и далеку.

– Јас сметам дека колку што сме блиску толку сме и далеку, но сепак сите страни мораат да ги имаат предвид големите интереси на државата, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Разговорите продолжуваат влада треба да се формира, нови избори не се решение

Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

732 возрасни пациенти и две деца заболени од Ковид-19 се лекуваат по болниците низ државата

Редакција

Кој сѐ отиде со Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

Редакција

Љубомир Јовески не е повеќе кандидат за уставен судија, СДСМ ја повлече неговата кандидатура

Редакција