еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети побара да се отвори истрага за сите од ДУИ, почнувајќи од него

Ние цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, изјави претседателот на партијата, Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Али Ахмети

Ахемти, во изјава за ТВ21, денеска по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево, рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи за тоа било гласано на генералниот совет на партијата.

– Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме.

Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене.

Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина, изјави Ахмети за ТВ21, прашан за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Почина македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Редакција

За Ковачевски инцидентот во Охрид имал за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Редакција

Ексклузивна регионална премиера на „Убијците на мојот татко 6“ на 15 јануари само на mPLAY TV

Редакција