еМагазин
Image default
Македонија

Али Ахмети на распит во Обвинителството за случајот „Попис“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Ахмети треба да даде исказ во врска со предметот „Попис“.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното Специјално јавно обвинетелство (СЈО), за потоа да ја преземе ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.

МИА/Фото:Фејсбук/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ќе изврши увид врз пресудата со која Пајазити доби две години затвор за прегазувањето на Теодора

Редакција

Судењето за убиството на Денис Тот продолжува на 3 октомври

Редакција

Украден монитор од бугарскиот културен центар во Скопје, за бугарското МНР тоа е „напад врз самата бугарска држава“

Редакција