еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2021 година

Традиционално на крајот на календарската година од страна на Македонска берза АД Скопје се доделуваат награди за најпрепознатливите и најактивните издавачи на хартии од вредност.

Алкалоид АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година и тоа во две категории, по избор на пазарни учесници и по избор на новинари.

“Наградата освоена по 9-ти пат го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто“, велат од компанијата.

Алкалоид во своето портфолио оваа година вклучува уште една награда и тоа за Акција на годината за 2021 година согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“.

“Алкалоид АД Скопје континуирано остварува позитивни резултати од работењето и се стреми кон градење на одржлив модел на раст и развој на друштвото нудејќи притоа јасна предвидливост на очекувањата кон пошироката заедница и сите заинтересирани страни. Ќе продолжиме со јакнење на овие сегменти од нашето работење и во годините што доаѓаат“, велат од компанијата.

Дел од комисијата на новинари беше и уредникот на еМагазин, Петре Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид во 2022 планира раст на продажбата од 8% и на добивката од најмалку 7%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тој е казнет“: Спасовски не му дозволи на заменикот Буши да одговара

Редакција

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Редакција

Косово изгради модерен автопат до македонска граница, ние 13 километри до 2025

Редакција