Остварената консолидирана нето добивка на „Алкалоид“ АД Скопје во првите три месеци од 2019 година изнесува 294.542.000 денари (4,7 милиони евра) и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 19%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Остварената единечна нето добивка во 2019 година изнесува 247.476.000 денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 15%.
Во периодот јануари – март 2019 година во „Алкалоид“ се реализирани 55 нови вработувања. Вкупните инвестиции во основни средства во овој период изнесуваат 193.866.000 денари.
Остварените единечни вкупни приходи изнесуваат 2.138.908.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%. Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – март 2019 година изнесуваат 2.888.836.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 15%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот изнесуваат 1.873.090.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%. Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – март 2019 година изнесуваат 2.561.643.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Махери“ за извоз: Производите на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија, Германија…
Виктор Стојчевски купи 300 акции од „Алкалоид“
Живко Мукаетов купи 1.112 акции од „Алкалоид“
Убава вест за акционерите: „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивиденда на 22 мај