Алкалоид АД Скопје во периодот јануари-март 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 3.180.894 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 16%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 16%.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 4.445.187 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 20%.
Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 20%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 2.804.720 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 16%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-март 2023 година изнесуваат 3.938.291 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 20%.
Од вкупните консолидирани продажби, 72% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во земјите од Источна Европа и во земјите од Западна Европа.
Остварената единечна нето-добивка во 2023 година изнесува 355.523 илјади денари и во споредба со остварената во 2022 година бележи зголемување за 19%.
Остварената консолидирана нето-добивка во 2023 година изнесува 441.583 илјади денари и во споредба со остварената во 2022 година бележи зголемување за 22%, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид во првиот квартал инвестирал 346,5 милиони денари и има 47 нови вработувања
Оливера Панева нов член на Управниот одбор на Алкалоид