Амбасадата на САД во Скопје и се извини на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска го изостави делот во кој се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев.
„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, велат од Амбасадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.