еМагазин
Image default
Локално

АМСМ: Возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, се вршат проверки од безбедносен карактер

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и апелира возачите да не го користат автопатот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го снимал без дозвола и видеото го објавил на „ТикТок“

Редакција

Му го украле „Фолксваген Шаранот“ на Бит Пазар

Редакција

Сопружници од Кратово пронајдени починати без траги на насилство

Редакција