еМагазин
Image default
Македонија

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Државната комисија за спречување на корупцијата нема отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор и третосомничена во случајот „Рекет“.

Претседателката на Антикорупциска, Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило.

-Катица Јанева има поднесено една промена на анкетниот лист. Се однесуваше за купено возило. Обвинителството си води истрага. Ние не водиме предмет за Катица Јанева во моментов, бидејќи доволно се истражува во јавното обвинителство, рече Ивановска додавајќи дека во нејзиниот анкетен лист е само таа една промена, и оти нема значителни движења.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила специјалната обвинителка Катица Јанева

Ван Хојте за ИРЛ: Јанева треба да ја истражува специјален суд, а не колегите

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР упати вербална нота до Софија поради изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски

Редакција

САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател, порача Рикер на “Преспа форумот за дијалог“

Редакција

Наши дипломати во Киев се во скривница, МНР се обидува да ги евакуира

Редакција