еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма: Пендаровски ја зголемува предноста пред Силјановска

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажува новата анкета, што по нарачка на телевизијата Телма ја изработи Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС.

Според анкетата Пендаровски добил поддршка од 27,2  процентни од испитаниците, Силјановска 23,5 отсто, а Блерим Река 11 отсто.

Резултатите покажуваат дека 17,7 отсто од испитаниците се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, додека 16,4 нема да гласаат за ниту еден од тројцата кандидати.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 7 април до 11. април на репрезентативен промерок  од 967 испитаници.

Споредбените резултати на двете анкети на „Телма“, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Силјановска и сега тој води со четири отсто во првиот круг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невакцинирани деца од МРП вакцината нема да се пуштат во градинките во Скопје

Редакција

Изминатото деноноќие 879 прекршоци за неносење маска

Редакција

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција