еМагазин
Image default
Македонија

Јанкулоска: Не сакав да го скријам убиството на Мартин Нешковски, реков „Не можеш да скриеш убиство“

На прашањето за една од “бомбите“ во кое се слуша разговорот за убиството на младиот Мартин Нешковски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во емисијата „Отворено студио 1„ на телевизијата 1ТВ, одговори дека таа не сакала да го скрие убиството и дека во првиот момент немала сознание за такво нешто.

„„Не можеш да скриеш убиство“ е мојот одговор во разговорот. Контекстот е тој и јас не сакав да го скријам убиството и кога прв пат беше прашано од новинарите јас немав сознанија за такво нешто. Мислам дека тој што бил должен да го евидентира во книгата за дневни настани не го евидентирал и е еден од виновниците за обидот за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски“, рече Јанкулоска.

Фото: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска за Груевски: Бегството не може да биде решение на кој било проблем

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Груевски ги остави на цедило Јанакиески, Божиновски, Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од апсењето на седумте македонски државјани кои учестувале во војните во Ирак и Сирија

Редакција

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи: „ТВ Алфа“ е пријател на Албанците и на сите националности кои живеат во Македонија

Редакција

Објектот е купен со кредит што ќе го отплаќаме 20 години, реагираат од „ЕТЦ травел“ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција