еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска „распали“ по Груевски: Лесно е да кажуваш кога си на 800 километри од Македонија

„Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно, а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил, а откако експремиерот Никола Груевски се огласи на својот Фејсбук профил за финалната фаза за промената на Уставот, што е предвидено со Договорот од Преспа, а со кои Македонија меѓудругото ќе се преименува во Северна Македонија.

„Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата…

Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф, а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа.

Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.

Секому стана јасно дека без национално предавство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните материјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда…“, напиша меѓу другото Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски на Фејсбук со апел до пратениците: Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување

„Другарите“ од Царинската управа на избеганиот Груевски прераспределени на други работни места

Инфомакс: Груевски во Будимпешта сместен кај пријатели, ќе се врати во Македонија кога ќе се создадат политички услови

Фото:Фејсбук/Гордана Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој

Редакција

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Редакција

Алтернатива наместо денеска, утре ќе одлучува дали ќе бидат дел од Владата

Редакција