еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска бара широка јавна расправа за законските измени за Бехтел и Енка и да не се носат по скратена постапка

Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

– ДКСК смета за потребно да укаже дека во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во секторот Политички систем, како еден од приоритетните проблеми кои треба да се адресираат е утврдено носењето на голем број на закони во скратена постапка без соодветно образложение за оправданост за овој вид постапка.

Од тие причини, во Националната стратегија нагласено е дека е од суштинска важност да се обезбеди рационално користење на инструментот за носење на закони по скратена постапка во Собранието и подигнување на квалитетот на процесот на носење на законите преку подетално уредување на процената на влијанието на регулативата, велат од ДКСК.

Оттаму укажуваат дека треба да се преиспита најавеното донесување на законите во скратена постапка од причина што, како што велат, со тоа се рушат основните постулати на правната држава, се зголемуваат ризиците од корупција и не се остава простор за јавна расправа, а пред сè не се остава простор за произнесување на стручната јавност за содржината на законските одредби.

– Со предложените измени на законите кои треба да се донесат во скратена постапка се задира во повеќе области меѓу кои и работничките права, правото на сопственост, заштитата на животната средина и други.

Оттаму, неопходна е поширока јавна расправа со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, ризиците од корупцијата, како и ризиците од законски решенија чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми, велат од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законските измени за Бехтел и Енка се на штета на работникот и неуставни, порачаа од „Гласен Текстилец“

Кои пратеници ги предложија законските измени за Бехтел и Енка, со кои конзорциумот нема да плаќа данок, царина и акциза

“Република Бехтел и Енка Македонија“: Твитер реакции за законските измени за американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Борисов денеска ќе претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес

Редакција

11 починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште двајца

Редакција

Лавина од негативни реакции на Твитер за протестот за подршка на обвинетите за случајот „Монструм“

Редакција