еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска отвори предмети за злоупотреби на фондови на ЕУ

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средства од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Пријавата е доставена и до МВР, Управата за финансиска полиција, а известени биле, меѓу другите и УО на оваа Национална агнеција, како и генералниот секретаијат на Владата, СЕП, МИОА.

Нури Бајрами, член на Антикорупциската комисија на денешната прес-конференција информира дека заради утврдување на фактичката состојба за наводите во пријавата, побарани се информации и од МОН како основач на оваа национална агенција, од Државниот просветен инспекторат и Инспекторатот за труд.

-На 26 јуни, годинава добивме инфомации од МОН дека е спроведениот надзор и контатирани се финансиски неправилности, односно пропусти, материјална штета, по што од Министерството е поднесена кривична пријава до ОЈО, рече Бајрами.

Пријавата подоцна била надополнувана до Управата за финсиска полиција.

Државниот иснпекторат за труд, меѓу другото, констатирал дека од директорката Димова биле склучени 107 договори кои произлегуваат од јавни повици за анализа, за ангажирање стручни советници, но констатирал дека постапките не се водени како што треба при склучување на овие договори.

Од ДКСК побарале и информација и добиле потврда од ОЈО дека постапката по овој предмет е во тек.

Овој случај ќе биде пријавен од МОН во октомврискиот извештај што секоја година го испраќа до ЕК земјата, а на почетокот на јуни, бил пријавен и до канцеларијата при Министерството за финансии – АФКОС, одделение за борба против измами на европски средства.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Конзулатот на Русија во Битола му го украдоа знамето

Редакција

Лавров: Русија не е против договорот меѓу Македонија и Грција, спорен е правниот легитимитет на процесот

Редакција

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје еднаш во две до пет години

Редакција