Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој пред неколку дена учествуваше на телевизиска дебата со потпреседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој соопшти дека е позитевен на Ковид-19, се тестирал и чека резултати.
“Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето!
На Мухамед Зекири со кого бевме на дебата на телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување.
Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.
Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, пишува на Фејсбук Јанушев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот
Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години
11 новозаразени со Ковид-19 во Чаир: Во кои скопски општини има нови случаи
Фото: Фејсбук/Јанушев