еМагазин
Image default
Македонија

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски за „Триста„ на СЈО: Случајот вратен на повторно судење

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката, како што информираа од Апелација, е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на деветгодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.
Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законите за следење на комуникациите и за АНБ ќе преминат во надлежност на Министерството за правда

Редакција

466 прекршоци за неносење маски

Редакција

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

Редакција