Голема дамка врз македонското здравство и врз Економскиот факултет при Универзитот „Кирил и Методиј“ остана од ароганцијата и чувство на недопирливост кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљновска и кај професорите на Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски, Драге Јанев и Бобек Шуклев.
Првата иако е лекарка која дала заклетва, свесно избегна да ги испочитува препораките на Мининстерството за здравство и на тој начин го загрози животот на кој знае колку граѓани во Македонија кои поради неа биле изложени на можна зараза од корона вирусот.
Со кој памет оваа жена држела предавања пред колеги и нормално одела на работа е прашање за нејзините колеги психијатри, но и за истражните органи со оглед на тоа што допрва ќе се видат последиците од нејзините несовесни постапки.
Истовремено, јавноста како релативно благи ги осуди затворските казни од две до две и пол години за професорите од Економскиот факултет за кои долго време, со години наназад низ куоларите се “бруеше“ дека се подложни на рушвет односно на поткуп.
Имено, сведоци говореа дека некои од нив барале или сексуални услуги или мито од студентки за да добијат преодна оцена, што навистина го оцрни имиџот на овој факултет каде се молчело за ваквите сомневања.
Во пресудата за дел од обвинетите убаво пишува дека тие ги прекршиле, не само кривично-правните норми, но и основните, елементарни морални и етички норми постапувајќи надвор од кодексот кој го налага образовниот процес, како и пристапот и постапувањето со студентите при полагањето на испитите на овој факултет.
Ваквите случаи покажаа дека во Македонија се уште има голем број лица кои откако ќе стекнат „звање“ мислат дека се недопирливи и дека никој ништо не им може, што само покажува колки ниски морални норми и фрустрации се кријат зад нивните титули.
Можеме само да се надеваме дека ова ќе биде освестување за останатите, бидејќи моралниот трулеж во општеството може да биде многу поопасен од корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска
Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?
Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот