Хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова е жртва на напади на Фејсбук, објави ММС.
Таа во разговор за ММС вели дека блиски луѓе и кажувале оти на Фејсбук со погрдни зборови ја озборувале, но и дека не е прв пат да пишуваат такви лоши работи за неа.
„Многу сум тажна. Седев на скалите во куќата во Дорфулија и плачев. Размислувам се да оставам и куќа и покуќнина и да си се вратам во Бекирлија, каде до вчера живеев. Таму немав вода, немав струја, немав никакви услови за живот, ниту соседи, ама имав мир.
Имам пчели, имам крава и куче и пеев. А овде? Овде плачам. Како е можно вака да се живее, вели Атиџе.
Таа најмногу е разочарана од злобните луѓе кои на Фејсбук ја озборувале како таа добила куќа, како добивала донации, а за последното патување во Истанбул имало и вулгарности.
“Мене ми е срам да ги изговорам тие вулгарности кои ги напишале. Вистина се срамам. Ако ми требаше маж ќе си најдев, а не вака. Јас од никого никогаш ништо не сум побарала. Ниту донации барав. Да, ми се помогна за куќата, сите знаат каква беше и како изгледа сега. Ама ме озборуваат како да ми се дале милиони. Како да сум милионерка.
Да имам пари и јас ќе помагам. Ама јас живеам со 5.000 денари месечо. Од тие пари плаќам сметки, купувам дрва, од тие пари се хранам и живеам. А ме понижуваат. Јас не го заслужувам тоа. Не заслужувам да ме понижуваат.
Еве прашајте и колку сум добила од филмот, да не ме озборуваат само. Навистина не сум заработила милиони, па да поминувам низ оваа голгота“, вели Атиџе и додава:
“Пари, пари, пари и само пари. Аман веќе од тие пари. Ќе оставам и куќа и се. Ако треба ќе ја вратам куќата на тие од филмот и ќе си се вратам во Бекирлија и аман веќе. Јас не сакам никого да навредам и молчев ама ова веќе не се трпи.
Жива ме изедоа, ме сотреа од озборување, демек само ми се помагало. А ми кажале дека го злоупотребуваат моето име за да продаваат мед, дека многу луѓе лажејќи дека е мој медот заработуваат“, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Промовиран спотот за песната на Атиџе и Турунџиева, „Од Бекирлија до Битола“
(Фото) Атиџе за новата куќа доби трпезарија во медова боја
(ВИДЕО) „Иста судбина“, дует на Атиџе и на Сузана Турунџиева
(Видео+Фото) Новата куќа на Атиџе речиси готова