Претседателот Стево Пендаровски смета дека австрискиот амбасадор Георг Вуцас не се меша во внатрешните работи на државата, со реакцијата во која тој бара смена на судиите и ефикасност од судскиот систем во случај во кој, од една страна е австриска фирма, а од друга македонска, која се поврзува со братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.
Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев, кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, рече Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев се закани со тужба за австрискиот амбасадор и амбасадата
Фото: Кабинет на претседателот