еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

БЈБ започна истрага: Во затворена група на „Телеграм“ средношколци споделуваат експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња

Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави Радио МОФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бараат администраторите на групата на Телеграм: Родителите чии девојчиња биле злоупотребени да пријават

До Радио МОФ реагирале средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква апликација е Телеграм, преку која македонски средношколци споделуваат порнографски материјал од малолетнички

Голем дел од фотографиите и видеата кои се споделуваат и коментираат се преземени од веќе постоечки страници на интернет, но во „Јавна соба“ се поврзуваат со конкретни личности, најчесто малолетни девојчиња од земјава, при што се наведува името и презимето или градот на живеење, пишува Радио МОФ.

Групата за неколку дена стигнала до над 7.400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател. Радио МОФ пристапила до групата, каде во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, а следеле и неколку стотици коментари.

Сведоштво на професорка

Апликацијата Телеграм е слична на Вајбер, пишува А1он.

А1он стапиле во контакт и со професорка од едно средно училиште која раскажал дека станува збор за фотографии и видеа од малолетни девојчиња од 12 и 13 години и малку повозрасни. Дел од фотографиите се од нивните профили, но некои се и добиени од приватни комуникации со пријатели или парнери.

Професорката се сомнева дека голем дел од профилите се и лажни и не се знае возраста на членовите. Она што е шокантно според неа е што во дел од случаите се работи за порнографски фотографии кои секој од членовите  може да ги зачува и да ги користи, пишува А1он.

БЈБ започна истрага

Бирото за јавна безбедност (БЈБ) веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ во која македонски средношколци споделуваат порнографски фотографии од свои врснички, информира на својот Фејсбук профил, заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Петровска.

Фото: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле

Редакција

(ВИДЕО) На Криволак започна најголемата воена вежба во историјата на Македонија, „Одлучен удар“

Редакција

„Го уапсија Асанж за да го одвлечат вниманието од изборите во Македонија„: Твитер реакции

Редакција