Егзотичните Бахами со директни инвестиции од 42,4 милиони евра се најголем странски инвеститор во Македонија во првата половина од 2019 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
На второ место на листата најголеми странски инвеститори е Турција со инвестирани 27,1 милиони евра, а на третото Швајцарија со инвестирани 21,1 милиони евра.
Инаку, Бахамите спаѓа во таканаречените пиратски земји кои се познати како даночни раеви кои не водат премногу сметка за потеклото на капиталот кој поминува низ нивните банки и финансиски институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поразителни резултати: Странските директни инвестиции едвај 55,6 милиони евра
Фото:bahamas.com
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.