еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами еден месец, за да заштедат струја

Откако на 9 ноември, Владата прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена, Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена.

„Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории, туку и во домовите.

Со колективни едукативни акции од овој вид можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени,“ соопштуваат од МБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рестрикции на струја нема да има: Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

Не чека двоен раст на цената на струјата или ќе имаме рестрикции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во грчките учебници ќе се вклучи новото име Северна Македонија

Редакција

Ќе паднат ли предметите на СЈО: Судот во Стразбур денеска ќе се изјасни за поништената аболиција на Иванов

Редакција

Велешкото виногорје домаќин на првиот светски натпревар за сортата вранец

Редакција