еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Беќаровски бара помош за пребројување на граѓаните кои го прележале Ковид-19

Новиот член на Комисијата за заразни болести, доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил прашува колку наши граѓани навистина го прележале Ковид-19.

“За точна проценка на моменталната епидемиолошка состојба во државата, неопходно е покрај бројот на вакцинирани и официјално прележани во последните 6-9 месеци, да имаме и јасна претстава за бројот на прележани во истиот период, кои поради разни причини, не се евидентирани во Мој термин.

Ве охрабрувам и повикувам, да продискутираме колкав е процентот на Ваши членови и пријатели за кои знаете дека го прележале Ковид-19, во последните 9 месеци, а посебно во 2022 година, а не се регистрирани во Мој термин.

Повеќе глави помудро мислат, повеќе очи подобро гледаат.

Помогнете ни, за да донесеме релевантни одлуки.

Однапред благодарен, за секоја Ваша помош“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сите „душегрижници“ кои тврдат дека сме платеници, членувањето во Комисијата за заразни болести е без паричен надомест, вели доктор Беќаровски

Доктор Беќаровски со совети пред почетокот на второ полугодие: Училниците да се проветруваат пет минути по секој завршен час

Беќаровски: Неконтролираната употреба на атибиотици кај болните од ковид предизвикува постковид симптоми како опаѓање на коса и хроничен замор

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Доктор Жан Митрев со својот тим му даде нова шанса за живот на малиот Мики

Редакција

Деветгодишниот Никола донираше матични клетки за неговата сестра која боледува од акутна леукемија

Редакција

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција