еМагазин
Image default
Македонија

Бејли: САД ја поздравуваат историската одлука во Собранието

Mакедонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници, порача вечерва амбасадорот Џеј Бејли во врска со изгласаните уставни измени во Парламентот.

Во пораката објавена на ФБ профилот на американската Амбасада во Скопје, Бејли вели дека кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречувал граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во ЕУ.

„Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место. Со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30. членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион“, нагласи Бејли.

МИА/Фото: Американска амбасада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Кои пратеници изгласаа промена на името на државата во Северна Македонија

Хан, Могерини, Столтенберг честитаа за уставните измени, никој не спомнува Северна Македонија

Македонија станува Северна Македонија: Гласаа 81 пратеник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во 2023/2024

Редакција

Неготинец кој дошол од Германија позитивен на корона вирусот

Редакција

Сите детали: Што пишува во предлогот за измени на Законот за државјанство што предизвика хаос на социјалните мрежи?

Редакција