По истото сценарио, како и во случајот со натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков и копретседателот на бугарското здружение „Шемето“, Бекир Кадриески, отиде да се лечи во Бугарија, оти во Македонија, чиј државјанин е, тврди, дека не добил соодветен третман.
Единствената разлика е што по него не пратија воен авион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд
Како што пренесуваат бугарските медиуми, Кадриески, кој нема бугарски пасош, но најверојатно ќе добие како што доби и Пендиков, оти се чуствува како Бугарин, е веќе во Софија, а од Военомедицинската академија по прегледот соопштиле дека е во стабилна состојба, што беше утврдено и во струшката болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кадриески беше физички нападнат пред неколку дена во Струга од страна на етнички Албанец со кој долго време имал нерасчистени меѓусебни односи.
Тој пак тврди, како и Пендиков, дека бил натепан оти се чуствувал како Бугарин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан
Османи вели дека има две верзии за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“
Фото: Фејсбук/Шемето