еМагазин
Image default
Бизнис

Бектеши-Петкова: Преговорите за изградбата на нуклеарната централа Белене започнуваат на почетокот на 2020 година

Интересот за учество на Македонија во изградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија е уште еден чекор за продлабочување на соработката во делот на енергетиката. Македонија сака да биде партнер на Бугарија во изградбата на овој важен енергетски капацитет за што бенефит ќе има целиот регон.

Министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со министерката за енергетика на Бугарија, Теменужка Петкова истакна дека Владата и Министерството за економија во наредниот период ќе работат на реализација на проекти за енергетско поврзување на двете земји.

„Имаме потполно нов Закон за енергетика во кој се транспонирани европските регулативи. Работиме напорно да ги зголемиме капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори, посебно од сонце и за таа цел преминавме од фидинг тарифи на премиум тарифи. Првиот јавен повик за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште кој беше објавен пред неколку месеции е многу успешен пример во регионот. На јавниот повик пристигна понуди од инвеститори кои бараат 0 евра премиум од државата за произведената струја“, истакна министерот Бектеши.

Во делот на снабдување со електрична енергија министерот Бектеши уште еднаш го изрази интересот на државата да учествува со 10 проценти во изградбата на нуклеарната централа Белене и да купува 10 проценти од произведената струја, за што министерката Петкова потенцираше дека е од исклучително значење за Бугарија.

„Нуклеарната централа Белене е таков проект кој може да го реши дефицитот на струја во регионот. Освен Северна Македонија, за учество во проектот пристигна понуди од 13 стратешки инвеститори. До крајот на годината ќе направиме конечна листа на стратешки партнери кои се во трка за учество во изградбата на нуклеарната централа и на почетокот на 2020 година ќе ве поканиме на техничко ниво и вие како држава и заинтересирана страна да започнете преговори со приватните инвеститори за учество во Белене“, истакна министерката Петкова.

Министерот информираше за инвестициите кои ги прави државата во изградба на гасификационата мрежа, и изрази интерес за побрза изградба на интерконекциската врска за снабдување со природен гас од Бугарија на потегот Петрич-Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната плата се искачи на 25.435 денари: За еден месец пораст од 308 денари

Редакција

(ВИДЕО) Светозар Јаневски, Штерјо Наков… Кои македонски бизнисмени дојдоа на Бизнис форумот со грчките колеги

Редакција

Сите стечајни управници со лиценци ќе преполагаат, освен оние кои имаат над 64 години

Редакција