еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,08 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67, а на „еуросупер БС-98“ – 69 денари за литар. Еуродизел ќе продолжи да се продава за 61,5, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот

Редакција

Министерството за економија вработува пет лица, плата до 38.689 денари

Редакција

Бизнис-секторот бара да се одговори на четири прашања пред почетокот на расправата за нацрт-даночната реформа, вели Азески

Редакција