еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензинот „Еуросупер БС-95“ поевтинува, цената на другите горива останува иста

Малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ изнесува 87 денари, „Еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 91, дизелот за 85,5, екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 48,715 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,88 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,068 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 0,889 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,33 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е повисок за 0,258 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство побара да се активира условната пресуда од 2 години затвор за градоначалникот на Ново Село за дело од 2015

Редакција

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Редакција

Мерките за влез во Грција остануваат непроменети и оваа недела

Редакција