ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен, се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.
Планирано е, се наведува, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси
И Стинг стана вардарец, ЕХВ му се извини за одложувањето на концертот
(ВИДЕО) „We Are the Champions“: Како изгледаше доделувањето на пехарот на тимот на Вардар