Заклучно со последните податоци објавени вчера, вкупниот број на заразени со коронавирусот во Македонија изнесува 1.817.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,6%), кашлица (53,9%), малаксаност (37,3%), треска (19,9%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,4%) и отежнато дишење (14,3%).
Кај 588 или 32,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 436 или 74,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 17. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија
Повеќе мажи, седум со претходни заболувања, детали за новите случаи на Ковид-19 во Македонија
Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања
Фото: Факултет за ветеринарна медицина