Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.
– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице.
Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато.
Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта, соопштија од прес службата на Јавното обвинителство.
Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.