еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Безживотното тело на Ердон Рамадани, момчето кое со автомобил падна во Вардар, идентификувано од семејството

Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22 годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино.

-По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По пет дневна потрага телото беше најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.271 тест

Редакција

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

Редакција

„Шилегов ако сакаш да рушиш, руши ја платформата на Матка и зградата пред Мавровка„: Твитер реакции за Универзална сала

Редакција