Согласно решението на Гувернерот на Народна Банка издадена е претходна согласност за реименување на Билал Суџубаши на местото генерален извршен директор на Халк банка за период од 2 години, сметано од 07.02.2020 година, соопшти банката преку Македонската берза.
„Промените се упишани во Централниот Регистар на 14.02.2020 година. Билал Суџубаши ќе продолжи да ја извршува функцијата главен извршен директор, претседател на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје“, информираат од банката.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.