еМагазин
Image default
Локално

Битолски „Транскоп“ почна да сообраќа на линија Битола-Скопје-Битола

По неколку месечна пауза предизвикана од рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19, овластениот меѓуградски автобуски превозник „Транскоп“ АД Битола почна да сообраќа со една линија за Скопје, односно на релација Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.

Автобуската линија ќе се одржува секојдневно со поаѓање од Ресен во 05:30 часот, од Битола во 06:30 часот, од Прилеп во 07:30 часот и од Велес во 09:10 часот, додека обратната линија од Скопје за Битола е со поаѓање во 13:30 часот.

Од битолски „Транскоп“ информираат дека претходно набавените повратни билети патниците ќе може да ги искористат до 10 јуни и дека превозот на патници ќе се организира според препораките на Министерството за здравство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 во Прилеп, но смртноста не стивнува

Редакција

Жена почина по пад од зграда во Кисела Вода, малолетник заврши во болница со тешки повреди

Редакција

Посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје денеска и утре

Редакција