еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисменот Силјан Мицевски по вторпат на распит за „Рекет“, ќе бара парите да му бидат вратени

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски, кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појансување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.

На влегување во Обвинителството, Мицевски за медиумите изјави дека парите не биле уплатени на сметка на Тодоровска, туку на сметката на Меѓународниот сојуз. Најави дека ќе бара парите да му бидат вратени.

Пред Мицевски, во Обвинителството беше и водителката Лила Филиповска која повеќе од еден час даваше исказ за „Рекет“. Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

МИА

ПОВРАЗАНИ ВЕСТИ

„Рускоска ја прашала Лила: Кој е банкарот?„: Твитер реакции за распитот на Лила Филиповска за „Рекет“

(ВИДЕО) Лила Филиповска по распитот за „Рекет“ без изјави за медиумите, новинарите ги поздрави со „чао друштво“

(ВИДЕО) Пријателката на Боки 13, Лила Филиповска на распит за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија засега нема да нарачува од вакцините „Спутник V“, кои почна да ги произведува Србија

Редакција

Одлуката на Заев за оставка е избрзана и неоснована, не се согласувам со него, вели Ахмети

Редакција

Антикорупциска ќе ги испитува патните трошоци на пратениците

Редакција