еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Благодарност од Грчкиот секретаријат за цивилна заштита до земјите за помошта, меѓу нив и Македонија

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, соопштуваат кои земји понудиле помош за справување со катастрофалните пожари, а воедно изразуваат и искрена благодарност до сите што брзо одговориле на грчките барања.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Грција побара помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Дел од земјите понудија помош преку Унијата, дел на билатерално ниво, како што е случајот со Македонија.

– На грчкото барање преку Европскиот механизам за цивилна заштита, одговорија Бугарија, Шпанија, Италија, Хрватска, Кипар, Малта, Црна гора, Португалија и Романија. Исто така, помош на билатерално ниво понудија Албанија, Австрија, Франција,Грузија, Швајцарија, Израел, Унгарија, ПЈРМ, Србија, Турција и Чешка, соопштуваат од секретаријатот.

Грција ја прифатила помошта само од Кипар, Италија, Романија и Хрватска, бидејќи почнале да се подобруваат временските услови и не било потребно дополнително зајакнување на противпожарната служба. Во случајот со Хрватска и покрај прифатената понуда, не пристигнала помош бидејќи имало пожари и во самата земја.

На грчките пожарникари им помагале Италија и Шпанија со по два канадери (Цанадаир ЦЛ-415В), Романија со противпожарен авион ЦЈ27, а Кипар со пожарникари и две возила.

– Генералниот секретаријат за цивилна заштита изразува искрена благодарност до сите земји кои побрзаа да понудат помош, како и до Европската унија за брзиот одговор и помош, пишува во соопштението, пренесе МИА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Првиот пратеник Македонец во Албанија испиша историја со обраќање на македонски јазик во албанскиот Парламент

Редакција

Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња, изјави Мицотакис

Редакција

Со Грција ќе се отвараат два нови гранични премини, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога

Редакција