еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Блок 1 на РЕК Битола исклучен од функција заради интервенции

Утрово Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од АД ЕСМ.

„Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа.

Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена.

Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа.

Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела.

За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема,“ се вели во соопштението.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е процедурата за разрешување на Катица Јанева

Редакција

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Редакција

Поради бактериска инфекција Мадона заврши на интензивна нега и ја одложи турнејата

Редакција