еМагазин
Image default
Македонија

Бочварски ја презеде од Сугарески функцијата министер за транспорт и врски

Благој Бочварски денеска ја презеде функцијата министер за транспорт и врски од досегашниот министер Горан Сугарески.

На средбата со Сугарески му се заблагодарил на успешно сработената работа во Министерството и разговарале за реализацијата и обемот на капиталните проекти што се работат во овој ресор, како и за идните проекти што ќе се реализираат во инфраструктурата, соопшти Министерството за транспорт и врски.

-Драго ми е што сум министер во едно од најзначајните министерства во државата кое е двигател на инфраструктурните и економски промени. Ова е огромна чест, но и огромен предизвик за мене.

Оваа Влада вложува историски најмногу средства во инфраструктурани проекти, така и ќе продолжиме. Создаваме модерна инфраструктура, обезбедуваме подобри услови за граѓаните и ја развиваме економијата, ваквиот континуитет ќе го продолжам обврзувајќи се пред граѓаните дека транспарентно и отчетно ќе работиме за да обезбедиме просперитет за сите, порачува Бочварски.

Тој ќе го продолжи работниот ден со средби со стопанските комори во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јане Миланов привремен градоначалник на Штип, откако Бочварски стана министер

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски

Фото: МТИВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Бугарите во Македонија да побараат посебна графа на пописот

Редакција

По препорака на психијатар за четири недели се одложува судењето на Мухамед Зеќири

Редакција

Зекири: Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ

Редакција