На судењето за предметот „Рекет“ денеска беа презентирани докази од Обвинителството, меѓу кои беше пуштена снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.
Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.
Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на „Ватсап“ меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебел и ја известил дека е стигнат.
Во некои од презентираните пораки, Јордан Камчев му праќа слики на Боки 13 со покана од ЈО и од одлуки, а прочитани беа пораки и од комуникацијата меѓу нив каде во една Камчев му вели на Јовановски дека гаранцијата е дуќанот „Сваровски“ на плоштад, и уште еден деловен простор.
Пратеничката Фросина Ременски, пак, му испратила порака на Боки 13, „наводно утре ќе одлучувале за жалбата на Орце”, а Боки и одговара „ок”.
Прочитани беа пораки и од комуникација меѓу Боки и Дејан од „Пелистерка“ каде се допишуваат за некои судски решенија и за пари за кои дел биле префрлени, а дел ќе се префрлат.
МИА/Фото:Фејсбук/Боки13
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Рекет“ прикажани нови снимки на Камчев: Кичеец со „Луј Витон“, Боки 13 со друга торба
Ново рочиште за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки и дека има рак, судијата не дозволи одложување
Боки 13 отстранет од судницата откако и се развика на Русковска: „Господ ќе те казни за тортурата“