еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 нуди 143 илјади евра гаранција во имот за поблага казна од притвор

Над 143.000 евра гаранција во имот, медицинска документација за чир на желудник, како и докази дека Бојан Јовановски-Боки 13 кога бил притворен бил на граничен премин од каде ќе патувал на годишен одмор, беа гаранциите на Боки 13 и неговата одбрана кои денеска беа доставени и образложени на јавната седница пред судечкиот совет во Апелациониот суд Скопје по повод изјавена жалба на обвинетиот за укинување на мерката притвор.

Гаранцијата од имотот, како што појасни неговиот адвокат Сашо Дукоски, е половина од куќата на неговите родители и втората идеална половина од истиот објект во сопственост на негов прв братучед, како и дуќан на име на неговата мајка.

Јовановски пред советот се пожали на условите во притворското оделение бидејќи, како што рече според медицинските извештаи треба да одржува диететско-хигиенски режим, бидејќи има чир на желудник кој веќе неколку пати се зголемувал.

Боки 13 рече дека се чувствувал дискриминиран поради образложението за притворот дека немал формирано потесно семејство и потенцира дека тој е единствено обвинето лице кое не дало исказ пред обвинител, бидејќи кога тоа требало да се случи, му се слошило од уцените од обвинителката Вилма Рускоска која го „терала“ да каже дека Катица Јанева или Фросина Ременски работеле нешто незаконски.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Повторно не дојдоа сведоците на Боки 13, Панделески бил на службен пат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 42,7% од граѓаните сметаат дека корона вирусот намерно е пуштен од лабораторија

Редакција

Пешевски за ТВ21: Разочаран и вознемирен сум од бегството на Груевски

Редакција

Каков имот пријавил Еролд Муслиу, кој е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање

Редакција