еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 останува во притвор, Апелација ја одби жалбата

Апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13, обвинет во случајот „Рекет“ и го потврди првостепеното решение, со кое тој останува во притвор.

„Апелацискиот суд по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Б.Ј од изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е продолжена мерката притвор, против обвинетиот го потврди“, се вели во соопштението од Апелација.

На јавна седница во Апелација одржана на 22 јануари, адвокатот на Бојан Јовановски, рече дека обвинетиот се наоѓа во притвор шест месеци, а е однесен на преглед 60 пати, што ја претвора мерката притвор во казна.

Адвокатот посочи и нов медицински извештај од 14 јануари 2020 година од субспецијалист, во која абдоменалниот хирург предлага операција веднаш и обвинетиот да се стави на строг хигиено-диететски режим со оглед на честите улкусни лезии.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева во подрум имала мини фитнес сала со боксерска вреќа, Боки 13 четири пиштоли

Судење за „Рекет“: Запленетата облека на Боки 13 се прикажува на екран во судницата

Кичеец ќе сведочи за „Рекет“ на покана на Боки 13 и Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од учебниците ќе се испорачаат викендов, дел следната недела

Редакција

Нови 48 случаи со Ковид-19 од 387 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Газдите манипулираат со обврската за К-15: Во Велес исплаќани срамни 100 денари

Редакција