еМагазин
Image default
Македонија

Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на корона вирусот

Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на корона вирусот потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а остантите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми.

Според претходните информации, вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари се во домашен карантин, откако имале контакт со 80-годишна жена од Штип, која во вторникот ја загуби битката со корона вирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Здравствените работници во самоизолација се од минатата недела, а следеше и целосна реорганизација на ова одделение. На инфектологот, кој немал контакт со сега починатата пациентка на помош и доаѓа специјалист инфектолог од Општата болница во Струмица.

На Инфективното одделение во штипската болница од денеска се лекуваат вкупно осум пациенти, од Штип и Кочани позитивни на коронавирус.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар од корона вирусот излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Вкупно 711: 48 нови случаи на заболени од коронавирусот, во Куманово 25

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во самоизолација: Мицкоски негативен на корона вирусот, Заев чека резултати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условни казни затвор од една година за насилните протести во Тетово на 17 септември

Редакција

До понеделник може да се знае кога ќе се расправа за францускиот предлог во Собрание

Редакција

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција