еМагазин
Image default
Македонија

Борисов му честитал на Заев за реизборот, разговарале и за решенија за унапредување на односите

Премиерот Зоран Заев информираше дека имал телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Му се заблагодарив за честитките што тој ги искажа за мојот реизбор за претседател на СДСМ и му посакав успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.

Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ,“ напиша Заев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква моќ има Заев, старо-новиот лидер на СДСМ: Што пишува во статутот на партијата

Заев реизбран за претседател на СДСМ

„Се разгоруваат внатрепартиските избори во СДСМ, Заев објави снимки против Заев„: Твитер реакции за изборот на нов лидер на СДСМ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена во „Орка холдинг“ сведочеше во „Рекет“: Кај Камчев однесов 710.000 евра во спортски торби

Редакција

На Табановце 2.444 патници за 24 часа, од кои 1.192 македонски граѓани

Редакција

Нови 131 случаи на Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Гостивар

Редакција