еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ

Шефовите на влади на државите членки на Европската Унија на вчерашниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ.

Лидерите од членките на Унијата, без дискусија ја потврдија препораката која пред три дена ја договорија министрите за европски прашања – Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија.

Пред состанокот на министрите за европски прашања во вторник во Брисел, хрватскиот и грчкиот премиер Андреј Пленковиќ и Киријакос Мицотакис испратија писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен во кое ја истакнаа силната поддршка за европската интеграција на Босна и Херцеговина.

Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која ја поздрави одлуката на претставниците на ЕУ, потврди дека Европскиот совет донел таква одлука.

„Босна и Херцеговина официјално доби кандидатски статус за членство во Европската Унија. По препораката на Комисијата од октомври, шефовите на држави или влади на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за време на самитот на Советот на ЕУ во Брисел“, посочи Зовко.

Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската Комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година.

„Ова вклучува мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Реформските приоритети главно се однесуваат на 14-те приоритети презентирани од Европската комисија во 2019 година“, се наведува во одлуката на Европскиот совет.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Еднаквост пред законите и права, побараа учесниците на Парадата на гордоста

Редакција

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени

Редакција

Поради корона вирусот 800 евра месечна помош за 1,7 милиони вработени во Грција

Редакција