Новиот лидер на најголемата опозициска партија во Грција, СИРИЗА, Стефанос Каселакис вчера во Њујорк, САД, стапи во брак со американецот Тејлор Макбет, а истиот нема да важи во Грција, бидејќи земјата не признава истополови бракови, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Каселакис и Макбет претходно имаа истополово партнерство, а за свечениот чин во Њујорк отпатува и неговото семејство.
Тие се во врска 4,5 години.
Грција е земја членка на ЕУ над 40 години, но се уште нема истоплови бракови. До крајот на мандатот на владејачката Нова демократија, грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис неодамна најави легализација на истите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Грчките медиуми „полудеа„ по Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА
Каселакис со недели е во фокусот на грчките медиуми, кои него и Тејлор ги следат каде и да отидат, а пред неколку дена замина во САД, каде што живееше пред да влезе во политика и каде има бизнис.
Тој деновиве дополнително беше во фокус поради хомофобична изјава на новинар на грчката телевизија Скај, но и на контраверзниот градоначалник на Волос.
Во ноември треба да почне да служи и војска.
Парот неодамна најави и дека планира деца од сурогат мајка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис ќе оди во војска
Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА
Фото: Фејсбук/Каселакис