Видео на кое се гледа како британска лекарка плаче додека чита порака од директор на палестинска болница во Појасот Газа го обиколи светот.
Досега во Газа се убиени над 200 здравствени работници, а повеќето од болниците се затворени, бидејќи немаат услови за работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вознемирувачки снимки од уличната војна во Газа помеѓу Хамас и израелската војска
A British doctor breaks down while reading an emergency message from the director of Al-Shifa Hospital in #Gaza, as healthcare workers gather in front of the Prime Minister's office in London, holding banners bearing the names of more than 200 doctors killed by Israel so far. pic.twitter.com/87IWfJbG2r
— Quds News Network (@QudsNen) November 11, 2023
Од Светската здравствена организација (СЗО) предупредија дека здравствениот систем во Газа е „на колена“.
„Ситуацијата на теренот е невозможно да се опише: болнички коридори полни со ранети, умираат луѓе, полни мртовечници, операции без анестезија, десетици илјади луѓе кои се засолнуваат во болниците“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, првиот човек на СЗО, додавајќи дека се евидентирани повеќе од 250 напади врз болници, клиники, амбулантни возила, пациенти… во Газа и на Западниот Брег од почетокот на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Илјадници Палестинци пешки со часови, бегаат од северна во јужна Газа
(Видео) Палестинците ја живеат втората „Накба„, илјадници раселени од нивните домови
Видео: Твитер/Quds News Network