еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британска студија: Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид

Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирусот, покажува британска студија, објави Би-би-си.

Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет.

Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор.

Студијата, исто така, покажала дека невакцинираните лица, кои се инфицираат со коронавирусот и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат.

Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново: луѓето заболени од Ковид-19 кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да не развијат симптоми на продолжен ковид, кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани.

Вакцината била најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години.

Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели.

Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите. Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беќаровски: Неконтролираната употреба на атибиотици кај болните од ковид предизвикува постковид симптоми како опаѓање на коса и хроничен замор

Пановски: Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи

Доктор Беќаровски објаснува кои се најчестите пост-ковид симптоми кај прележаните, кои се повеќе бараат помош по клиниките

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Дупер имаат нова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“

Редакција

МНР и Одбрана ќе одлучат дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Македонија

Редакција

„Вкуси ја традицијата“ во Градски парк: Ќе бидат изложени 2.000 производи како слатко, ајвар, зимница, вино, ракија

Редакција